Барса планира да го продаде напаѓачот Рафиња само за 90 милиони евра. Веќе подолго време се најавува дека шпанска Барселона после една година планира да го продаде бразилскиот репрезентативец Рафиња, најмногу и поради сериозната финансиска криза и потребата да остварат сериозни приходи, па според последните најави од Шпанија, одредена е цената на офанзивецот – 90 милиони евра.
Шпанскиот новинар на „АС“, Хави Мигел објави од блиски извори до Каталонците, дека Рафиња е достапен за продажба само под услов некој да плати 90 милиони евра и дека за помалку од ова, Каталонците воопшто нема да преговараат.
Рафиња дојде од Лидс во Барселона и не игра лошо, но Барселона покрај Осман Дембеле кој има приоритет за останување, во ситуација кога мора да оствари сериозни приходи и да го намали буџетот се решиле дека Рафиња е тој што ќе оди на трансфер-листа, но само под одредениот услов.
За Бразилецот силен интерес има од Њукасл и Арсенал, но прашање е дали овие два премиерлигаши ќе се решат да платат колку што бара Барселона.