Првиот светски рекет моментно и прв фаворит на годинешниот гренслем Роланд Гарос, Карлос Алкараз одигра уште еден фуриозен меч и без мака стигна до четвртфиналето откако во три сета попладнево го збриша Лоренцо Мусети со 6-3, 6-2, 6-2.
Алкараз му се освети на Мусети за поразот во Хамбург лани, а тоа го направи убедливо со само седум загубени гемови во трите сета, па воопшто не беше доведена во прашање победата на Шпанецот на денешниот меч.
Првиот светски рекет денеска загуби само двапати на свој сервис, кога Мусети ќе направеше брејк, Алкараз експресно возвраќаше. Сѐ почна со 2-0 за Мусети, за Алкараз да направи пресврт на 3-2 и потоа да стигне до водство од 1-0 во сетови (6-3), а потоа уште поубедливо играше.
Во вториот сет Мусети направи брејќ по 2-0 за Шпанецот, но до крајот освои само уште еден гем, за во последниот во петтиот гем да дојде до брејк, потоа поведе со 4-2 и сѐ заврши.
Алкараз лани дојде до четвртфинале на Роланд Гарос, сезонава својот најдобар пласман го израмни, ама како игра и колку е сигурен никој не се сомнева дека може да дојде и до трофејот.