Кошаркарите на Денвер  остварија уште една победа во Мајами, овојпат триумфираа со 108-95 и поведоа со 3-1 во финалната серија, Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок и постави нов рекорд во НБА.

Денвер е само до една победа до историска круна во НБА, нагетс синоќа уште еднаш се покажаа доминантни во Мајами. Изедначено беше до средината на втората четвртина до кога двете екипи се менуваа во водство. Потоа тимот предводен од Мајкл Мелоун се одлепи и не го пушти водството до крајот на мечот за победа од 108-95.

Никола Јокиќ постигна 23 поени, имаше и 12 скокови, српскиот кошаркар стана првиот во историјата на НБА со учинок од 500+ поени, 250+ скокови и 150+ асистенции во плејоф.

 

Ѕвезда на овој натпревар кај Денвер беше Арон Гордон кој беше најефикасен на мечот со 27 поени, тоа беше и најмногу за него на еден натпревар во НБА кариерата, одличен беше и Браун со 21 поен, Мареј постигна 15, имаше и 12 асистенции.

Во составот на Мајами најдобар беше Батлер со 25 поени, Адебајо имаше 20 поени и 11 скокови.

Серијата сега се сели во Денвер кој има шанса на свој терен со победа да дојде до шампионскиот трофеј.