Алкараз со извонредни ритерни и сигурен сервис го среди противникот, кој имаше само една брејк можност во текот на целиот меч и тоа во првиот гем која не ја искористи, за разлика од Шпанецот кој можностите за брејк што му ги овозможи Данецот максимално ги искористи во вториот и третиот сет за победа во мечот.
Откако првиот сет влезе во тајбрејк после сигурни свои сервиси на двата тенисери, Руне на 3-3 загуби поен на свој сервис, Алкараз поведе со 6-3, го запечати освојувањето на сетот со уште еден брејк-поен.
Во вториот сет, двата тенисери ги освојуваа своите сервиси до 4-4, по што Алкараз во деветиот гем направи брејк и потоа на свој сервис поведе со 2-0, а во третиот сет, првата шанса за брејк Шпанецот ја искористи во петтиот гем за да го освои противничкиот сервис и до крај не му даде шанса на Руне да се понадева дека може да се врати во мечот.
Новак Ѓоковиќ и Јан Синер ќе играат во првото полуфинале на Вимблдон.