Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа победнички стартуваше на турнирот во Оломоуц, Чешка. Таа триумфираше против Тина Надине Смит од Австралија со 2-1 во сетови.
Тенисерката од Австралија имаше добар почеток на првиот сет и веднаш направи брејк за водство од 2-0, но Ѓорческа во следниот гем веднаш го врати брејкот и намали на 1-2. Сепак, македонската тенисерка влезе во серија грешки кои ги искористи нејзината противничка и го доби сетот со 6-2.
Вториот сет ни донесе четири брејка по ред, односно по два на двете тенисери (2-2), по што Ѓорческа во тај-брејк успеа да слави со 7-3 и така го најави големиот пресврт.
Ѓорческа во третиот сет ја декласира нејзината помлада колешка и со 6-2 го потврди пласманот во осминафинале на турнирот во Чешка.