Екипата на Баерн Минхен тргна фуриозно на првиот подготвителен натпревар. Фудбалерите на Томас Тухел немаа милост и го наполнија голот на нисколигашот Ротач-Егерн, победувајќи го со 0-27 (0-18).
Баварската машина доминираше против екипата која беше само лесен спаринг партнер. Со овој ривал, шампионот на Германија тестираше и пред четири години, а и тогаш го декласира со огромни 0-23.
Во првото полувреме аматерскиот тим прими неверојатни осумнаесет погодоци, додека во второто „само“ девет. Неверојатни партии пружија Џамал Мусиала, Матис Тел и Марсел Сабицер кои дадоа по пет погодоци во мрежата на Ротач-Егерн. Хет-трик постигна Садио Мане, додека по еден гол постигнаа плејада играчи. Меѓу стрелците се запишаа Дејвис, Лаимер, Мазрауи, Упамекано, Сане, Гереро, Гравенберх и Коман .
Баерн следниот тест го игра на 26 јули против Манчестер Сити. Потоа следи пресметка со јапонски Кавасаки, па пак квалитетен пријателски меч со Ливерпул и „генералката“ е против Монако.