На ден 19.08.2023 во Охрид се одржа меѓународна веслачка регата на која учесници беа домаќинот ВК Горица Ремо од Охрид , ВК Црн Дрим од Струга , ВК Палич од Србија и ВК Биел од Швајцарија . Регатата се одржа во склоп на манифрстацијата Ohrid Water Festival.

ВК Црн Дрим – Струга доминираше во најголем број од дисциплините и е најуспешна екипа на првото меѓународно првенство организирано од ВК Горица Ремо .

Во дисциплината 1xSM (скиф сениори) победи Кристијан Китаноски од ВК Црн Дрим .

Во дисциплината 2xJM (дубл јуниори) златен медал освоија Андреј Симоновиќ/Леон Шутиноски од ВК Црн Дрим пред нивните клупски колеги Александар Хиохи/Вања Кукунеш кои се закитија со сребро.

Во дисциплината скиф за пионери славеше Вања Кукунеш од ВК Црн Дрим -Струга

 

Во дисциплината 1xSW (скиф сениорки) победи Александра Маленко од ВК Горица Ремо , пред Елена Столеска од ВК Црн Дрим .

Во дисциплината 1xJWB (скиф кадетки) победник е Ана Прентоска , пред Климентина Стојмиловска и двете од ВК Црн Дрим – Струга .