Зимскиот преоден рок почнува на 1 јануари 2024 година. Големите клубови започнуваат со два процеси. Едниот е доведување на готови фудбалери, а вторитот супер таленти.
Барселона подготвува нов трансфер на тинејџер од Јужна Америка, Бразилецот Естевао Вилијан. Каталонците извесно време се поврзуваат со можниот трансфер на 16-годишното фудбалско чудо од Бразил, супер талентираниот Вилијан.
Бразилскиот тинејџер според медиумските шпекулации сепак дури во летото во 2025 година ќе може да се пресели на стариот континент.
Но, лесно може да се случи Естевао Вилијан сепак да не дојде во Барса. Причината се финансиските проблеми на шпанскиот гигант. Барса во моментов не може да замисли да потроши шеесет милиони евра за младиот бразилец кого медиумите го нарекуваат „малиот Меси“. Иако Барселона е негова желба, по дебитантскиот настап за Палмеирас, има се повеќе клубови кои сакаат да го ангажираат и кои можат да си дозволат толку скап трансфер.
Четири европски великани, премиерлигашите Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и богатиот француски шампион Пари Сен Жермен сево битка за тинејџерот. Естевао одигра пет натпревари за бразилската репрезентација до 17 години. Тој постигна три гола и запиша три асистенции.