Репрезентацијата на Хрватска е светски шампион во ватерполо откако денеска ја победи Италија со 15-13 по изведување пенали.
„Коцкестите“ претходно триумфираа во 2007 година во Мелбурн и во 2017 годијна во Будимпешта. Малку недостасуваше Хрватска да ги обедини круните бидејќи минатиот месец загуби од Шпанија во финалето од Европското првенство чиј домаќин беше.
Најефикасен во хрватскиот тим беше Харков со четири гола, Мариниќ додаде три, а Буриќ два.