Репрезентацијата на Украина обезбеди пласман на Европското првенство во Германија, во драматичен дуел со триумфот против Исланд.

Украинците по пресврт победија со 2-1 и четврти пат по ред ќе бидат дел од европската фудбалска елита. Најголемиот успех го остварија на претходниот шампионат, кога во групата за противник ја имаа и Македонија, а потоа стигнаа и до четвртфиналето.

Исланд прв дојде во водство на натпреварот што се играше во Вроцлав. Гудмундсон погоди во 30. минута и неговата репрезентација се наоѓаше во предност до 54. минута кога Циганков израмни на 1-1. Но Украина, е мајстор за пресврти, а херој е Михајло Мудрик кој ја донесе победата на десетина минути пред крајот на натпреварот.

На Европското првенство во Германија, Украина ќе игра во групата Е, заедно со Белгија, Словачка и Романија.