Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето од Лигата на шампионите, каде што ќе играат против Борусија Дортмунд, откако во драматичeн дуел со фантастичен пресврт на домашен терен го совладаа Баерн Минхен со 2-1.
„Кралевите“ со двата гола на Хоселу во 88. и 90. минута стигнаа до голем пресврт, откако претходно Алфонсо Дејвис му донесе водство на гостинот. Германците на крајот имаа шанса да се вратат во судиското продолжение, но во тоа беа спречени од брзоплетоста на судиите.
Де Лихт погоди во 104. минута, но помошникот судија уште nа стартот на акцијата го крена знаменцето за офсајд по што Марчинијак веднаш досуди недозволена, без да дозволи акцијата да заврши па доколку подоцна има потреба да биде проверено се со ВАР. А, првичниот впечаток е дека немаше офсајд и дека ако немаше реакција Баерн Минхен ќе дојдеше до вториот погодок.
Иако новите правила налагаат во ситуации кога е офсајдите се минимални да се пушти играта да продолжи, судиите веднаш ја прекинаа акцијата. Играчите на Реал Мадрид застанаа, а топката падна пред Матијс Де Лихт кој ја испрати во мрежата на Лунин.
Сепак, голот не можеше да важи и судијата немаше право да гледа ВАР снимка бидејќи веќе ја прекина акцијата. Иако самата офсајд позиција делува спорно и ќе се прегледуваше, баварците не можеа да веруваат дека акцијата е прекината. Најбурна беше реакцијата на ветеранот Томас Милер, но и останатите играчи и сите на клупата протестираа.
Нема сомнеж дека оваа спорна судиска одлука фрли сенка на спектакуларниот полуфинален двомеч против два од најголемите клубови на светот.