Венецуела го направи првото големо изненадување на Копа Америка. Во дуел од првото коло од групата Б, Венецуела на „Левис стадиум“ во Калифорнија го совлада учесникот на последното Светсло првенство, Еквадор, победувајќи го со 2-1 (0-1).
Во првиот дел Еквадорците играа подобро, полетно а нивниот ритам го пресече црвениот картон на Енер Валенсија во 19. минута. Сепак, и со играч помалку фудбалерите на Феликс Санчез поведоа со прекраниот гол на Сармиенто на пет минути до крајот на првиот дел. Во овој период од натпреварот не се забележуваше недостатокот на еден фудбалер кај еквадорскиот тим.
Целиот втор дел мина во знакот на доминација на Венецуела. По серија на полушанси, фудбалерот на Фамаликао, резервистот Џондер Кадиз погоди за израмнување во 58. минута и голема психолошка предност за Венецуелците.
Голот за победа го донесе вториот резервистот, Едуард Бељо, со гол во 74. минута.
Во вториот натпревар од првото коло на групата Б, играат Мексико и Јамајка.