Бојан Богдановиќ го одигра убедливо најдобриот натпревар во сезоната, постигнувајќи 36 поени и го израмни рекордот на неговата НБА кариера од 13 скока во големата победа на Јута Џез на гости против Никола Јокиќ и Денвер Нагетс 115:109.
Јута беше без стартниот центар Руди Гоберт и неговата резерва Хасан Вајтсајд, па се очекуваше Јокиќ да доминира, што го направи со осмиот трипл-дабл сезонава со 26 поени, 21 скок и 11 асистенции.
Но, улогата на прва ѕвезда на мечот ја презеде Богдановиќ, кој со рекордни 13 скока во тој сегмент во голема мера го надополни отсуството на Гоберт. Тоа беше редок натпревар во кој Богдановиќ имаше повеќе забивања од тројки. Погоди само еден од шест за три, но од игра шутираше 12/20, а од линијата за слободни фрлања 11/13. Тој имаше и четири асистенции и една украдена и една загубена топка.
Со тоа само продолжи со одличните настапи против Нагетс со кои во мај постави рекорд во кариерата од 48 поени, но и со одлична моментална форма бидејќи ова му беше четврти последователен натпревар со најмалку 20 поени. Утринава беше неизвесно дали воопшто ќе игра поради повреда на показалецот од левата рака.
Јута дојде до десеттата последователна победа на гости и се зацврсти на третото место на Западот со сооднос 28-10, додека Денвер падна на скор 18-18.
Резултати:
Орландо – Филаделфија 106: 116
Вашингтон – Хјустон 111: 114
Шарлот – Детроит 140: 111
Бостон – Сан Антонио 97:99
Далас – Голден Стејт 99:82
Индијана – Бруклин 121: 129
Милвоки – Торонто 111: 117
Минесота – Оклахома Сити 98:90
Денвер – Јута 109:115
Портланд – Мајами 109: 115
Сакраменто – Атланта 102: 108