За новата сензација на Австралија Опен се погрижи Данка Ковиниќ.
Тенисерката од Црна Гора, 98. на светската листа, за првпат ќе го одигра третото коло на Грен слем турнирите, откако со 6:4, 4:6, 6:3 ја совлада шампионката на УС Опен, Ема Радукану.
На Данка и беа потребни два часа и 36 минути игра за да ја оствари победата на кариерата и тоа над 18. тенисерка во светот.
Беше тоа драматичен дуел во кој беа забележани дури 13 брејка, од кои седум во стартниот сет.
Радукану поведе со два брејка со 3:0 и се чинеше дека се оди на нејзина страна, но Ковиниќ поведе со серија од пет гема со 5:3.
Потоа разменија брејкови и Ковиниќ го запиша стартниот сет со 6:4.
Во вториот сет Радукану веднаш успеа да направи брејк и да поведе со 2:0, но Данка се врати во игра и дојде до 4:4.
Не издржа, Британката направи брејк во деветтиот гем, а потоа израмни во сетовите.
Данка тргна подобро во сетот на одлука, поведе со 3:1, но повторно како и во првиот сет видовме два последователни брејка.
Последниот беше клучен за 4:2, Ковиниќ успеа да ја задржи предноста на сервисот и славеше по 156 минути игра.
Таа во следното коло ќе се соочи со подобриот од мечот Хапел – Хадад Маија.