Фудбалерите на Мајнц и на Борусија Дортмунд испратија порака до Украина со транспарентот „You ‘ll never walk alone“, а потоа го одиграа заостанатиот натпревар од Бундес – лигата. Во самиот финиш славеа „милионерите“ со 0-1 со голот на Аксeл Витсел во 87.минута. Белгиецот успеа да го пронајде патот до противничката мрежа и ги врати надежите на Борусија Дортмунд во трката за титулата.
Сега „милионерите“ имаат само четири бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен на осум кола до крајот на шампионатот.