Норвежанецот Каспер Руд последен резервира место во полуфиналето на овогодинешниот Ролан Гарос.
Тој во меч кој заврши долго по полноќ, по четири сета го победи Данецот Холгер Руне со 3:1.
Ова беше прво скандинавско четвртфинале во историјата на парискиот Грен слем.
Руд направи два брејка во првиот сет и лесно дојде до водство.
Во следниот сет Норвежанецот го направи првиот брејк во петтиот гем, но Руне возврати со иста мерка во следниот гем.
До решавачкиот брејк Данецот стигна во 10. гем, без загубен поен.
Тенисерите направија по еден брејк во третиот сет, а сетот отиде во тај-брејк.
Руд направи серија од пет врзани поени во тај-брејкот и 13. гем го заврши со 7:2.
Клучниот момент во четвртиот сет се случи во осмиот гем, кога Руд ја реализира четвртата брејк топка.
Во своето прво полуфинале на еден Грен слем за противник ќе го има Марин Чилиќ, кој претходно во текот на денот беше подобар од Андреј Рублев во пет сета.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Александар Зверев и Рафаел Надал.