Викендов колото во англиската Премиер лига може да биде одложено по смртта на англиската кралица Елизабета Втора. Низ Велика Британија се одложуваат спортските настани.
Голем број спортски настани во Велика Британија се откажани или одложени откако британската кралица Елизабета Втора почина во четвртокот на 96-годишна возраст.
Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот монарх во историјата на Обединетото Кралство, почина во четвртокот на 96-годишна возраст по повеќе од 70 години на тронот.
Во знак на жалост откажани или одложени се бројни спортски настани на „Островот“. Во петок, меѓу другите, нема да се одигра средбата од деветтото коло на Чемпионшип меѓу Барнли и Норвич Сити и дуелот од „Лига 2“ меѓу Транмере Роверс и Стокпорт Каунти.
Трките со коњи, рагби , крикет и голф турнирот PGA Championships во Вентворт се откажани за викендот. Веднаш беше откажана етапата Трката околу Британија во петокот, а потоа и целата трка што требаше да заврши во недела.
Се уште нема официјално известување дали викендов ќе се играат натпревари од Премиер лигата. Англиските медиуми пренесуваат дека многу прволигашки клубови очекуваат одложување на натпреварите за овој викенд .