Кристијан Шекуларац, големиот талент кој има само 18 години вчера беше на клупата на Фулам и тоа против големиот Манчестер Јунајтед. Кристијан е внук на Мирослав Шекуларац, брат на големиот Драгослав Шекуларац, родениот штипјанец, а неговата баба е македонка. Значи има македонски корени. Детето е родено во Лондон, но има играно за младите репрезентации на Швајцарија, игра на местото офанзивен играч за врска. Со него Македонија, односно луѓето од ФФМ постојано се во контакт и има големи шанси да заигра за Македонија, има начелно „ДА“ од Кристијан, но се чека и официјално – ДА.
Пред неколку месеци потпиша за Фулам, член е на младинската екипа на овој премиерлигаш, но брзо напредува и ете стигна до првиот тим.
Интересно е тоа што за него покрај Македонија, заинтересирани се и Швајцарија секако, Англија, но и Србија. Медиумите кај нашиот северен сосед денеска пишуваат дека Фудбалскиот сојуз на Србија преку Александар Митровиќ, големата ѕвезда на Фулам, ќе се обиде да го врбува и да ни го „украде“ мега – талентот. Тие велат дека Кристијан има српски корени, дека неговиот дедо е ѕвездина ѕвезда бр.2, се мисли на Драгослав Шекуларац, еден од најдобрите фудбалери во историјата на овие простори.
Да се надеваме дека Кристијан ќе ја одбере Македонија, земјата на неговата баба.