Бразилскиот гигант Ботафого со судни маки помина во следната фаза од Купот во Бразил и тоа по натпревар одигран со ривал од четвртата лига. Ботафого гостуваше кај Сергипе, а домаќините, кои беа аутсајдери, водеа со 1:0 по првото полувреме.
Четвртолигашот водеше до последните моменти од средбата. Ботафого притискаше, изведе три корнери во низа, судијата дозволи продолжението да трае дури 10 минути, а токму во 90+10 минута, фаворитот даде гол и израмни на 1:1.
Овој гол значеше и пласман на Ботафого во следната фаза и тоа поради едно бизарно правило кое вели дека доколку резултатот е нерешен, понатаму продолжува тимот кој е подобро рангиран.
Фудбалерите на Сергипе беа многу лути на судијата кој го продолжи натпреварот 10 минути и тргнаа да се тепаат со него.
Дел од гледачите, сите резервни фудбалери и раководството на Сегипе истрчаа на терен да бараат правда кај судиите. Претседателот на клубот тргна да се тепа со еден од нив, а тој за да се одбрани го удри со знаменцето. Набргу пристигна полицијата и ги заштити судиите, а претседателот на Сегипе го напуштил стадионот со раскрварено лице.
Полицијата направи жив штит околу арбитрите, инаку можеше да се случи трагедија.