Фудбалерите на Јувентус минимално, но сепак заслужено дојдоа до нови три бода во Серија А, откако на домашен терен ја совладаа Верона (1-0). Така ја продолжија битката за излез во Европа следната сезона и покрај енормно големата казна од 15 бода што ја добија поради финансиски малверзации.
Моис Кин е јунакот во таборот на „бјанконерите“, тој го постигна победничкиот погодок во 56. минута. Ова беше петти триумф по ред за Јуве во домашното првенство и во Лига Европа, со што само ја потврдија одличната форма.
Тимот од Торино со 44 бодови останува на седмата позиција, но сега со три бода помалку од Рома, која е на последното место кое води во Европа, а која има и натпревар помалку.