Српската тениска легенда Новак Ѓоковиќ со победата во четири сета против Андреј Рубљов, обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон, и продолжи да испишува историја на најпрестижниот тениски турнир.

Новак е блиску до нова титула на Вимблдон, која би била вкупно осма на овој турнир и петта по ред. Во модерната ера на тенисот, петпати по ред триумфирале само двајца тенисери, Бјорн Борг (1976-1980) и Рожер Федерер (2003-2007).Ѓоковиќ славеше во 2018, 2019, 2021 и 2022 година, а во 2020 година не се играше тенис поради пандемијата на коронавирусот.

 

Ѓоковиќ ја продолжува неверојатната серија без пораз од топ 10 тенисери на ранг-листата на АТП во четвртфиналето на Вимблдон.

Цела деценија трае победничката серија на Ѓоковиќ на Централниот терен. Последен тенисер кој успеал да да го победи Новак на Централниот терен на Вимблдон, беше Енди Мареј кој во 2013 година славеше над Србинот во финалето.

Победата над Рубљов беше 33-та по ред за Ѓоковиќ, а задутре против Јаник Синер, ќе го игра 46-то гренслем-полуфинале, со што ќе се израмни со Федерер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ