Екипите на Бенфика и Интер одиграа извонреден натпревар во голеада со шест голови, а бодовите ги поделија.
Натпреварот беше без резултатско значење за Интер, освен во борбата за првото место во групата, но беше значаен за Бенфика која се бори за пласман во Лигата Европа. Португалците водеа со огромни 3-0, но Интер се избори за бод и во последното коло, на домашен терен против Реал Сосиедад ќе одлучува за тоа кој ќе влезе како првопласиран во нокаут фазата.
Првите 45 минути поминаа во знакот на Жоао Марио кој постигна хет-трик. Пресвртот на Интер почна во 51. минута, прв погоди Арнаутовиќ, потоа и Фратези, а конечниот резултат го постави Алексис Санчез од пенал во 72. минута. Бенфика остана без победа во ЛШ, а во последното коло ќе мора да го совлада Салцбург со повеќе од два гола разлика за да продолжи во Лигата Европа.
Арсенал на домашен терен го растури францускиот Ленс со 6-0 и го обезбеди првото место во својата група пред нокаут фазата. Интересно е тоа што стрелци беа шестмина различни фудбалери: Хаверц, Габриел Жезус, Сака, Мартинели и Одегард во првото и Жоржињо од пенал во второто полувреме.
Првото место во својата група го обезбеди и Реал Мадрид со триумфот против Наполи со 4-2 на домашен терен. За италијанскиот првак останува дуел против Брага во последното коло за да помине во осминафиналето.
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
Баерн – Копенхаген 0-0
Галатасарај – Манчестер Ј. 3-3
ТАБЕЛА: Баерн 13 бода, Копенхаген 5, Галатасарај 5, Манчестер Ј. 4
ГРУПА Б
Арсенал – Ленс 6-0
Севиља – ПСВ 2-3
ТАБЕЛА: Арсенал 12 бода, ПСВ 8, Ленс 5, Севиља 2
ГРУПА Ц
Реал – Наполи 4-2
Брага – Унион Берлин 1-1
ТАБЕЛА: Реал 15 бода, Наполи 7, Брага 4, Унион Берлин 2
ГРУПА Д
Сосиедад – Салцбург 0-0
Бенфика – Интер 3-3
ТАБЕЛА: Сосиедад 11 бода, Интер 11, Салцбург 4, Бенфика 2