Новото засилување на Барса имаше кошмарно деби – промаши голема шанса во самиот финиш. На синоќешниот меч против Лас Палмас, за Барселона дебитираше 18-годишното бразилско чудо Витор Роке за кого во неговата татковина тврдат дека е новиот Роналдо да Лима.
„Каталонците“ ја завршија неговата регистрација на ден пред натпреварот и тој имаше можност да се појави на теренот. Влезе во игра во 78. минута на местото на Феран Торес, а во финишот од мечот имаше можност да погоди на своето деби.
Роке доби фантастична топка во противничкиот шеснаесетник, добро ја скроти и требаше само да ја спроведе во мрежата. Место тоа, успеа од седум метри да го промаши целиот гол, на негово и разочарување на неговите соиграчи.