Звезда водеше и со плус 21, ама до крај се бореше за победа над Партизан! Кошаркарите на Црвена Звезда по голема борба го добија вечното дерби против Партизан (88-86) во меч од 18. коло од АБА лигата, со што речиси сигурно го обезбедија првото место на табелата пред плејофот.

Црвено-белите триумфот го обезбедија со кошот на Бразилецот Јаго дос Сантос на четири секунди до крајот, иако можеа многу полесно да дојдат до посакуваниот триумф. Тие доминираа во првото полувреме, имаа дури и плус 21 (48-27) во вториот период, но противникот заигра подобро во продолжението. Црно-белите постепено ја „топеа“ предноста на ривалот, за со трите слободни фрлања на Нанели дури и да изедначат на 86-86 на 11 секунди до крајот, но не успеаја да го одбранат последниот напад. Американецот постигна кош и во последниот напад на средбата за евентуален продолжеток, но задоцни неколку десетинки за огромна радост на присутните во „Штарк арената“.

 

Ханга со 15 и Боломбој со 14 поени и 13 скока беа најдобри во победничкиот тим, додека Нанали со 19 и Камински со 18 поени беа најефикасни кај гостите. Ц. Звезда сега има салдо од 16-2, односно три победи повеќе во однос на Партизан и на Будуќност на осум кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната во АБА лигата.