Репрезентативците на Македонија денеска ќе имаат натпревар против селекцијата на Кувајт кој ќе биде можност за проверка на силите во моментов и шанса да се види до каде е стигнато со работа во минатите денови.

Натпреварот против Кувајт ќе биде одигран во Маврово, а почетокот на средбата е од 18 часот.

Ова ќе биде шанса за Лазаров и момците да видат колку е сработено во минатите денови и дефинитивно ќе биде интересно да се види како функционираат пред доаѓањето на колегите кои настапуваат во Бундес лигата, а тие денеска ги завршуваат натпреварите за 2021 година.